Прием

Почитуван кандидату / почитувана кандидатко,

Институт за словенска филологија нуди редовнии студии од прв и втор степен насока словенска филологија.

На студиите од прв степен нудиме студии од јазично-културна струка. Во академска 2015/2016 година студентите можат сами да изберат прв јазик меѓу следниве јазици: бугарски, хрватски, чешки, македонски, српски, словенечки и словачки. Втор јазик ќе изберат во втора година. Во текот на студиите студентите се запознаваат со историја, литература и култура на јужно и западно Словенство, добиваат совесно филолошко подготвување и можат сами да ги проверат своите знаењз и вештини ( главно јазични) непосредно во словенски земји, преку личните патувања, стаж и престои понудени во рамките на научни програми на Министерството за високо образување или Ерасмус плус. Нашите студенти сами избираат лекторат по странски јазик од понудата во неофилолошките институти во Сосновјец. На крајот од 4. семестар студентите избираат семинар (лингвистички или литературен) и ги завршуваат студиите со одбрана на дипломска работа и дипломски испит.

Апсолвентите на редовни студии- словенска филологија од прв степен имаат  јазична вештина на ниво најмалку Б2 во областа на прв јазик, и во областа на втор јазик на ниво најмалку Б1.

На студиите од втор степен нудиме студии по три струки

– општофилолошка струка – насочена кон апсолвентите на филолошки насоки, каде се водени преведувања на словенски јазик, кој што е понуден во академска година. Студентите од таа струка продолжуваат со предавања на прв и втор јазик (добивајќи ниво најмалку Б2) и ги рашируваат своите филолошки интересирања во рамките на избрана струка – јазична или литературна

Струката – Преводот во меѓукултурна комуниикација насочена е кон апсолвентите на филолошки насоки на кои беа водени предавања на словенски јазик, што е понуден во академска година. Студентите од таа струка ги познаваат проблемите поврзани со преводот меѓу сродни јазици и ги вежбаат своите преведувачки компетенции врз материјалот на прв и втор јазик ( постигнувајќи намалку ниво Б2 ). Студентите избираат книжевен или некнижевен превод.

Струка – Меѓукултурна комуникација на јужни и западни Словени е упатена кон апсолвентите на слободни хуманистички студии кои би сакале да запознат различната и многу шарена словенска култура. Освен науката на прв и втор словенски јазик – од почетокот, студентите ги запознаваат проблемите со меѓукултурна комуникација помеѓу словенски култури. Студентите од оваа струка ја завршуваат науката на прв и втор јазик на ниво најмалку А2.

Подолу се наоѓаат линкови за подетални информации за прием на нашата насока

квалифитативни критериуми

процес на прием  Број на кандидатите од претходни години

Ве покануваме на студии во Институтот за словенска филологија!