informacje » Одделите на ИСФ » Оддел на современите јужно- и западнословенски јазици

Оддел на современите јужно- и западнословенски јазици

Оддел на современите јужно- и западнословенски јазици

ul. Grota-Roweckiego 5, 41-205 Sosnowiec, p. 3.60
e-mail: maria.cichonska@us.edu.pl
tel. 36-40-926

Членови:
dr hab. prof. UŚ Maria Cichońska – претседател (gabinet 4.6, tel. 36-40-913)
dr Iliana Genew-Puhalewa
dr Mariola Szymczak-Rozlach
dr Paulina Pycia – sekretarz
dr hab. Dariusz Tkaczewski

Одделот на Современите Јужно- и Западнословенски Јазици е основан 2008 година. По неговата реорганизација кругот на научниот интерес на вработените во Одделот на Јужнословенската Лингвистика (кој во рамките на Институтот на Словенската Филологија постоел од 1991 година) се рашири на проблематиката поврзана со западнословенскиите јазици. Од 2003/2004 академската година шеф на Одделот е проф. д-р Марија Ќихоњска.

Одделот врши истражувања во област на синхроната лингвистика на јужно- и западнословенските јазици, помалку источнословенските и дидактичката дејност.

Научните истражувања на вработените во Одделот ги опфаќаат конфронтативните истражувања во област на прагмалингвистика и структурата на текстот во јужно- и западнословенските јазици и истражувањата поврзани со социолингвистика, како и нормата и социалниот узус во врската со горенаведените јазици.

Во рамките на дидактичките часови се водат часовите по практичното изучување на словенскте јазици, конверзации, вежби, предавања, дипломски и магистерски семинари.

Вработените во Одделот учествуваат во конференциите и научните конгреси, во Полска и во странство, посветени на лингвистичките, социолингвистичките, преведувачките и глотодидактичките теми. Благодарение на соработката на научно-истражувачките центри во Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Србија, Словенија и Словачка, исто така ги користат и странските обуки и стипендии, кои им го овозможуваат усовршувањето на нивната образовна и научна работилница.

Одделот редовно (првиот четврток секој месец) организира научни состаноци. Состаноците често се планирани во соработката со Одделот на семантика и лексикологија при Институтот за полскиот јазик на Шлезискиот Универзитет. На состаноците се прикажуваат рефератите, најчесто поврзани со научните истражувања на вработените во двата Оддела и на вработените во Институтот за англискиот јазик. По рефератот се дискутира за представените тези. На сите состаноци се канети вработените во другите оддели на Филолошкиот факултет и студентите.