informacje » Историја

Историја

Славистиката на Шлезискиот универзитет е основана во 1974 год. на иницијатива на редовен проф. д-р Казимјеж Полањски. На почетокот била во рамките на Институтот за странски филологии како Одделение за словенска филологија. Во 1980 год. доц. д-р. Влоѓимјеж Пјанка го промени во Катедра за словенска филологија, менувајќи ја неговата структура. Во 1990 год. редовен проф. д-р Емил Токаж ја реорганизира Катедрата во Институт за словенска филологија, со што  започна исклучителен динамичен развојот на центарот.

Славистиката е водена

prof. dr hab. Mieczysław Basaj (1974-1975)
prof. dr hab. Roman Laskowski (1975-1979)
doc. dr hab. Włodzimierz Pianka (1979-1981)
prof. dr hab. Emil Tokarz (1981-1985)
dr hab. prof. UŚ Maja Szymoniuk (1985-1986)
prof. dr hab. Barbara Czapik-Lityńska (1986-1989)
prof. dr hab. Emil Tokarz (1989-2001)
dr hab. Józef Zarek (2001-2008)
dr hab. prof. UŚ Maria Cichońska (2008-2012)
prof. dr hab. Lech Miodyński (2012-nadal)

Сега во Институтот за словенска филологија се  водат студии во област на словенска филологија на редовни студии од I и II степен. На студиите од I степен нудиме студии по јазично-културна струка. На студиите од  II степен водиме настава по 3 струки – Општофилолошка, Превод во меѓукултурна комуникација и Меѓукултурна комуникација на јужните и западите Словени. Од 2010 год. се одржува јазичен курс за преведувачи на избрани словенски јазици.

Филолошки студии дозволуваат да се добие образование по литература, лингвистика и преведувања (тоа е водено на студиите од II степен поради спецификата на славистичките студии, кои се базираат на тоа дека словенските јазици се учат од почетокот, неколку години преведувањето беше изборен предмет на студиите од I и II степен, сепак се покажа, дека на I степен студентите не се јазично добро подготвени за науката на преводот.  Голем дел од наставата на секој степен, освен лекторатите, се предмети од областа на литература, историја, култура на избран словенски јазик. Освен тоа, на повисоките години воденисе предавања по втор јазик ( од 3. до 6. семестар). Структурата на студиите е дополнета со општи и теоретски предмети, кои дават знаење  во областа на филолошки науки и широко разбрана хуманистика. Во зависност од избрана специјализација – лингвистика, литература или превод – доминираат вакви предмети.Преведувачка програма нагласува подготвување на студентите за работа како преведувачи и културни посредници, воведувајќи во програматапроширен блок на предметите кои го шират знаењето во теоријата и практиката на преводот како и историја на контактите на Полскасо другите словенски земии.

Шлезиска славистика има вработено специјалисти од областа на голем број западно и јужнословенски јазици. Благодарение на тоа нуди можност за студирање на следниве специјализации

Бугарска филологија

Хрватска филологија

Чешка филологија

Македонска филологија

Српска филологија

Словачка филологија

Словенечка филологија

 

Секоја академска година од горенаведените се отварат неколку специјализации. Студиите имаат двостепен карактер – после три години студирање студентите добиваат титула дипломиран филолог и врз основа на  приемни испити, примени се на двегодишни магистерски студии. Понатаму, своите квалификации можат да ги зголемуваат на докторски студии.

Институтот води жива соработка со странските универзитети. Во рамките на стипендијални програми, во кои учествуваме, им нудиме на најдобри студенти од сите специјализации можноста на стипендијален престој. Тоа се патувања на летни школи, семестрални и месечни студии во странство.

За студенти од други места Универзитетот нуди места во студентскиот дом кој се наоѓа во близина на Институтот. Институтот за словенска филологија на Шлезискиот Универзитет е значаен славистички центар, кој овозможува запознавање со сите јазици и култури на јужни и западни Словени. Неговота  главна задача освен истражувачко-дидактичка дејност е поддржување погранични врски, соработка со национални малцинства, презентација на научни и културни достигнувања на словенските земји.